Палестинските власти нарачале 4,5 милиони дози од вакцината „Фајзер“ и „Спутник В“

Од:

Палестинските власти нарачале вкупно 4,5 милиони дози од вакцините против коронавирусот на „Фајзер“/„БиоНТек“ и „Спутник В“, изјави денеска палестинската министерка за здравство, Маи Ал-Каилех, јави ДПА.

-Не е јасно кога пратките ќе почнат да пристигнуваат, изјави министерката за Палестинското радио, но додаде дека најверојатно ќе пристигнат во блиска иднина. Вкупната цена на нарачаните вакцини изнесува 27 милиони долари, додава германската агенција.

Десетици илјади дози вакцини веќе пристигнаа на палестинските територии, главно преку програмата Ковакс, поддржана од Светската здравствена организација. И Обединетите Арапски Емирати испратија илјадници дози.

Израел, во меѓувреме, им даде повеќе од 100.000 дози на Палестинциите кои имаат работни дозволи на нивна територија.

Коронавирусните инфекции на палестинските територии нагло се зголемија и болниците се со преполни капацитети.

На Западниот брег живеат околу четири милиони Палестинци и уште околу 2,3 милиони во Појасот Газа. Во крајбрежниот појас луѓето често живеат во ограничени и мизерни услови и со слаба медицинска нега.

Би можело да ве интересира

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Словенија и Шпанија: Ќе ја признаеме Палестина

ВИДЕО: Израелци палат возило, војската ги чува

Предраг Петровиќ

Европските истражители ја презедоа истрагата за пораките на Урсула фон дер Лајен и шефот на Фајзер

Горан Наумовски

Во Каиро преговори за примерје во Газа

А1он