Палестинските власти го обвинија Израел дека ја блокира испораката на 2.000 вакцини против коронавирусот за здравствените работници во Газа, кои требаше да бидат испратени од Западниот брег.
Според Гардијан, Министерството за здравство со седиште во Западниот брег планирало да испрати дози на руската вакцина Спутник V во Газа, каде владее движењето Хамас.
Палестинската министерка за здравство Маи ал-Кајла рече дека дозите биле наменети за медицински персонал кој работи во установи за интензивна нега, каде што се лекуваат пациенти со коронавирус и за вработените кои работат во одделението за итни случаи.
Израелската Влада, која раководи со цивилни работи на палестинските територии, соопшти дека палестинските власти побарале во Газа да се достават 1.000 дози вакцина, но оти „чека политичка одлука“.