Палестина и Соломонски Острови нови членки на Интерпол

Од:

Палестина и Соломонските Острови од денеска се 191. и 192. членка на Интерпол откако за нив беше гласано на Генералното собрание на органзиацијата што се одржува во Пекинг

– Оваа победа беше овозможена поради принципиелната позиција на мнозинството од членовите на Интерпол, изјави палестинскиот министер за надворешни работи, Ријад ал Малики.

Интерпол соопшти дека барањата за членство од страна на државата Палестина и Соломонските Острови се одобрени со повеќе гласови од потребното двотретинско мнозинство.

Палестина се обиде да стане членка минатата година, на конференцијата на Интерпол во Индонезија, но беше попречена од дипломатска кампања на Израел против неа.

Би можело да ве интересира

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Словенија и Шпанија: Ќе ја признаеме Палестина

ВИДЕО: Израелци палат возило, војската ги чува

Предраг Петровиќ

Интерпол активираше жолта потерница за Данка Илиќ

Катерина Ѓуровски

Во Каиро преговори за примерје во Газа

А1он