Пакистан нареди затворање на 10 меѓународни организации, меѓу нив и фондацијата на Сорос

Од:

На најмалку 10 организации и фондации кои се финансираат од странство, Пакистан им испратил известување да ја запрат својата работа. Помеѓу нив се наоѓа и фондацијата на Џорџ Сорос.

Претставник на Пакистанскиот хуманитарен форум, во кој што членуваат 63 меѓународни групи за помош, соопшти дека на 10 од членките им стигнале писма дека ќе им бидат укинати регистрациите. Тој не ги соопшти сите групи, но наведе дека помеѓу нив се Фондацијата Отворено општество на Сорос и Екшенејд.

– Тоа што се случува е неприфатливо и изнендувачко и ние ќе побараме објаснувања, изјави претставник на фондацијата Отворено општество, која од 2005 година во Пакистан потроши 37 милиони долари за проекти за помош.

Во последните години Пакистан ги разгледува и зајакнува контролите на меѓународните невладини организации. Тие обвинуваат дека некои од нив сакаат да ја искористат својата дејност како параван за шпионажа.

Пакистанските власти годинава забранија десетина групи, кои работеле во области како правата на жените и човековите права, а наредба за заприрање на работата во три свои објекти доби и организацијата Лекари без граници.

Фондацијата „Да ги спасиме децата“ беше оцрнета во 2011 година откако беше поврзана со пакистански лекар, кој бил врбуван од страна на ЦИА да помогне за пронаоѓање на лидерот на Ал Каеда, Осама бин Ладен во Аботабад. Странскиот персонал на организацијата беше екстрадиран веднаш од Пакистан, но околу илјада локални вработени продолжија да работат.

Би можело да ве интересира

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица

Исламската држава ја презеде одговорноста за експлозиите во Пакистан

Пакистан е веќе нуклеарна сила: Никој нема увид што изработува и колкава опасност може да предизвика

А1он

(ВИДЕО) Пакистан изврши ракетни напади на територијата на соседен Иран

Горан Наумовски

ВИДЕО: Нуклеарно вооружените Пакистанци се закануваат со одмазда за нападот од Иран