Откритија од обелоденетите документи за убиството на Кенеди

Од:

Плановите на Централната разузнавачка агенција (ЦИА) за убиство на Фидел Кастро, стравовите на Сојузот на Советските Социјалистички Републики (СССР) од ракетен напад на САД, и врските кои со Русија ги имаше Ли Харвид Освалд, кој е обвинет за убиството на американскиот претседател Џон Фицџералд Кенеди, се едни од најинтересните детали кои беа дознаени со објавувањето на илјадниците досега доверливи документи, пишува британски Телеграф.

Претседателот на САД Доналд Трамп дозволи објавување на 2.800 документи поврзани со убиството на Кенеди, но истовремено и блокираше повеќе од стотина документи поврзани со тоа убиство, уважувајќи ги апелите од ЦИА и ФБИ дека тие документи треба да останат тајни.

Иако историчарите предупредија дека со обелоденувањето на документите веројатно нема да бидат дознаени „бомбастични информации“ и дека тешко „ќе бидат ставени во вода“ досегашните теории на заговор за атентатот што беше извршен во 1963 година, некои од тие документи привлекоа внимание бидејќи, меѓу останатото, се однесуваат и на поврзаноста на Освалд со Русите.

Еден од најинтересните податоци е дека Освалд се состанал со Валери Владимирович Костиков, агентот на Комитетот за државна безбедност на Русија (КГБ), кој беше одговорен за убиство, два месеци пред атентатот на Кенеди, а ФБИ верува дека состанокот бил поврзан со доделување на визи или пасоши за Освалд.

Сепак, во еден од документите се опишува советската реакција на убиството на Кенеди, при што наводно советските претставници навеле дека Освалд нема никакви врски со Советскиот сојуз и го оквалификувале како „невротичен манијак кој не е лојален ниту на својта земја, ниту на што било друго“ негирајќи дека Освалд сепак припаѓал на која било организација во Советскиот сојуз и дека некогаш му е доделено советско државјанство.

Советскиот сојуз, како што стои во документите, верувал дека станува збор за пуч на екстремно десничарите во САД и дека тоа не е дело на еден човек, туку внимателно планирана кампања во која учествувале повеќе лица.

Од еден документ, се забележува и дека Советскиот сојуз по смртта на Кенеди стравувала дека во отсуство на лидерство некои неодговорни генерали во САД можат да лансираат ракета врз СССР.

Меѓу најинтересните, дури сега објавени документи, се и оние чиј фокус е на различни активности на администрацијата на Кенеди, како што се нејзините тајни обиди да ја уништат Владата на Фидел Кастро на Куба.

Имено во „резимето на фактите кои ги собрал извршниот директор на Комисијата на ЦИА во врска со можната вмешаност во плановите за убиството на странски лидери“ од 1975 година, се наведува дека ЦИА ја разгледувала соработката со „мафијашки ресурси“ како начин за убиство на кубанскиот лидер.

Комисијата, се наведува во документите, тогаш утврдила дека агентите на ЦИА биле вмешани во плановите на таа земја со одредени граѓани и други лица во настојувањето да се убие Кастро.

Откриено е дека на состанокот што бил одржан во септември 1962 година, група на најблиски помошници на Кенеди, меѓу кој бил и неговиот брат Роберт во функција на јавен обвинител, разговарале за неколку опции против Владата на Кастро, а ЦИА била задолжена да ја разгледа можноста за саботажа на делови од авиони кои требало да бидат испорачани од Канада до Куба.

Меѓу документите, се наоѓа и еден кој е напишан на повеќе од 400 страни, а во него се опишуваат луѓето кои се следени како потенцијална закана за Кенеди и неговиот наследник Линдон Џонсон.

Со обелоденувањето на документите се дознава дека полицијата во Далас знаела за смртните закани за Ли Харви Освалд кој на крајот бил убиен од страна на сопственикот на даласки ноќен клуб, Џек Руби.

Некои од документите до последен момент се задржани во тајност, а некои наводи навестуваат, дека неколку стотини, сега објавени документи, првично требало да ја прикријат истрагата за посетата на Освалд во Мексико Сити.

Во секој случај, федералните агенти како споулавени ја следеле секоја и најнезначајна појава, гласина или трага насекаде во светот во деновите по убиството на Кенеди што се случило на 22 ноември 1963 година, се зкалучува од досега тајните документи.

Би можело да ве интересира

Ројтерс: Се намалува бројот на илегални преминувања на мексиканско-американската граница

САД: Четири лица се повредени кога мал авион паднал во двор на куќа во Денвер

Америка до Израел: Ако е вистина дека се убиени 14 деца, тие не се терористи

Орце Костов

Уапсен актер откако силувал и малтретирал девојка: Му се заканува доживотен затвор

ВИДЕО: Олуите и торнадата во САД однесоа 23 жртви, 300 илјади луѓе без струја

Пет лица загинаа во торнадо во Ајова, десетици се повредени