Откриени лилјаци кои носат мутација на коронавирус, се заканува опасност од нова пандемија

Од:

Тим научници од Лаос проучуваат лилјаци од четири различни пештери во оваа област, кои во себе содржат соеви на коронавирус слични на Сарс-ков-2.

Новите научни сознанија се само еден чекор до докажувањето дека новиот сој на коронавирусот потекнува од природата, а не од лабораторија.

Тимот научници не откриле Сарс-ков-2 во лилјаците, но откриле делови од коронавирус кои се потребени за помали мутации да прераснат во нов сој.

„Делови многу блиски до оние на раните соеви на вирусот Сарс-ков-2 одговорен за пандемијата, постојат во природата, тие се пронајдени кај неколу видови лилјаци од семејството „Rhinolophus“, пишуваат авторите на студијата која е во процес на научна рецензија и која е објавена во предиздавачки вид во „Nature Portfolio Journal”.

Сепак, додека студијата во потполност не ја елиминира теоријата дека вирусот можеби е вештачки направен во лабораторија, процесот на истражување продолжува како би се добиле целосни одговори.

Откритието на научниците во Лаос, исто така нагласува дека уште пандемии, слични на коронавирусот се наоѓаат во состојба на мирување во природата.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски