Откажана прославата за роденденот на Далај Лама

Од:

Прославата за 84от роденден на Далај Лама во Непал е откажана по одлука на Владата, објави официјален извор во Катманду.

Откажувањето на прославата се смета за знак на сè поголемото влијание на Пекинг врз Хималаите. Под притисок од Пекинг, комунистичката влада на Катманду неодамна се заложи за околу 20.000 тибетанци кои живеат во егзил во Непал.

“Дозволата не беше издадена, бидејќи може да има проблем за мирот и безбедноста.”, рече еден официјален претставник на Катманду.

Зголемено присуство на полицијата беше забележано во саботата во областите каде живеат тибетските заедници.

“Беа направени многу подготовки, но на крајот не добивме дозвола. Владата е построга за нас”, рече еден член на организационата комисија.

Илјадници бегалци избегаа од Тибет во Непал по бунтот на 10 март 1959 година против кинеските власти, што го присили Далај Лама на егзил.

Би можело да ве интересира

Работнички од Непал му избегале на газдата од Охрид, случајот пријавен во полиција

Орце Костов

Четири работнички од Непал му избегале на газдата во Прилеп, случајот пријавен во полиција

Орце Костов

Приведен криумчар на мигранти: Возел мигранти од Непал

А1он

(ВИДЕО) Силен земјотрес во Непал, најмалку 128 мртви: Се тресеше се до Њу Делхи

Катерина Ѓуровски

Силен земјотрес го погоди Непал

Силен земјотрес во Непал