Орбан: Иднината на ЕУ ќе биде одлучена на бугарската граница

Од:

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави денеска дека иднината на ЕУ ќе биде одлучена на границата на Бугарија со Турција, а не во Брисел, и ја повика Унијата да обезбеди повеќе пари за Бугарија со цел да и помогне да ја подобри одбраната на нејзините граници.

– Успешната одбрана на Бугарија е во заеднички интерес за сите нас, истакна Орбан, кој со неговиот бугарски колега Бојко Борисов ја обиколи оградата со бодликава жица во бугарското село Лесово, која е дел од рутата на мигратите на патот кон ЕУ.

Тој додаде дека Европа малку се грижи за Бугарија и ја повика заедницата да и помогне на земјата.

– Ако можеме да и дадеме три милијарди евра на Турција, која не е членка нa ЕУ, невозможно е да не можеме да и дадеме 160 милиони евра на Бугарија, нагласи Орбан.

Борисов, кој бара итна помош во висина од 160 милиони евра од ЕУ, со цел да ја унапреди граничната безбедност на Бугарија, објасно дека „без заеднички напори на сите земји членки на ЕУ, нe може да се најде длгорочно решение“.

Би можело да ве интересира

Унгарија повторно ќе ја блокира помошта за Украина

(ВИДЕО) Страотна несреќа на рели во Унгарија: Најмалку четворица мртви

Катерина Ѓуровски

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он