ОН: Пандемијата може во Африка да убие 300.000 луѓе

Од:

Пандемијата на коронавирусот може да убие најмалку 300.000 Африканци и во екстремна сиромаштија да турне 29 милиони лица, соопшти вчера Економската комисија на ОН за Африка (УНЕЦА), повикувајќи се на безбедносната мрежа вредна 100 милијарди американски долари.

Во Африка досега 54 земји пријавија 20.000 потврдени случаи на инфекцијата, што е малку во споредба со остатокот од светот, каде се заразени два милиона лица.

Но, Светската здравствена организација (СЗО) пред два дена предупреди дека во Африка за три до шест месеци може да има и 10 милиони заразени случаи.

„За заштитата и изградбата на нашата заедничка благосостојба потребни се 100 милијарди американски долари за како одговор веднаш да се создаде здравствена и социјална безбедносна мрежа“, се наведува во извештајот на УНЕЦА, пренесува Хина.

Оваа агенција на Обединетите нации, исто така, го поддржува и повикот на африканските министри за финансии за дополнителни 100 милијарди американски долари стимул, што ќе вклучува и прекин на долговите кон странство.

УНЕЦА предвидува четири сценарија што се темелат на нивото на превентивно дејствување на африканските влади.

Без овие интервенции, истражувањето предвидуваше дека годинава да се заразат повеќе од 1,2 милијарди Африканци, а 3,3 милиони да умрат. Но, и во најдоброто сценарио, каде сите влади ги спроведуваат мерките, на Африка и се закануваат 122,8 милиони заразени лица, 2,3 милиони хоспитализирани и 300.000 мртви.

Би можело да ве интересира

Се повеќе Европејци имаат необични миленици, издадено е предупредување дека се опасни

А1он

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачка погина во стампедо: Тажен епилог на хаосот пред мечот во Мароко

Предраг Петровиќ