ОН и Интерпол: Еколошкиот криминал извор за финансирање на вооружени групи и терористи

Од:

Растечката стапка на еколошки криминал – од незаконското сечење на шумите, па до убивањето на слоновите, им носи 213 милијарди долариг одишно на криминалните организации, терористите и на вооружените групи, се наведува во заедничкиот извештај на Обединетите нации и на Интерпол.

На првото Собрание за животна средина на ОН, што се одржува во главниот град на Нигерија, Најроби е истакнато дека таквите криминални дела ги поттикнуваат вооружените конфликти, а во исто време го поткопуваат економскиот раст.

Во заедничкиот извештај на Обединетите нации и на Интерпол се апелира за построги мерки за превенција на незаконското сечење на шуми, ловот и риболовот, фрлањето на токсичен отпад, трговијата со ретки животински и растителни видови и стекнување со руди и минерали.

– Таквите еколошки кримнинални дела носат огромна заработка на многу криминални мрежи. Огромното зголемување на еколошките криминални дела во последните години придонессуваат за финансирање на бунтовниците и милициите, а во исто време ги лишуваат од милијарди долари земјите во развој, средства кои би можеле да им помогнат на луѓето кои живеат во сиромаштија. Глобалната помош за развој на сиромашните држави изнесува 135 милијарди долари годишно, додека криминалците од еколошкиот криминал добиваат 213 милијарди годишно, се посочува во извештајот.

Во доукументот се наведени и конкретни примери, како дека незаконската трговија со историски артефакти на исламистите од Ал Шабаб во Сомалија им носи од 38 до 56 милијарди долари годишно.

Наведен е и примерот дека во Кина и другите азиски држави е се поголема побарувачката за слонова коска, поради што од 20.000 до 25.000 слонови се убиваат годишно во Африка. Милитантните групи во Демократска Република Конго и во Централно Африканската Република незаконски тргуваат со слонова коска.

Во извештајот се наведени и успесите во борбата со еколошкиот криминал. Во 2012 година постигнат е успех во сечата на шуми по течението на реката Амазон во Бразил, пред се на сателитското следење и полициските операции.

Би можело да ве интересира

Интерпол активираше жолта потерница за Данка Илиќ

Катерина Ѓуровски

МВР уапси бегалец баран од Интерпол

Косовец уапсен во Македонија: Интерпол го барал за убиство во Еквадор

(ВИДЕО) Палевски бил уапсен додека се движел пешки по автопат, а најмил такси за да лажира дека оди за Истанбул

Орце Костов

(ВИДЕО) Не се чекаат 48 часа за потрага: Како тече постапката за пријавување исчезнати малолетници во Македонија?

Александар Тодески

Интерпол распиша меѓународна потерница за Вања: МВР формира специјален штаб, потрагата трае

Орце Костов