Околу илјада Летонци на комеморација за СС војниците

Од:

Повеќе од илјада Летноци денеска присуствуваа на комеморацијата посветена на убиените летонски нацистички војници во Втората светска војна, а полицијата употреби сили за да спречи судири со друга група демонстранти кои протестираа против глорификацијата на фашизмот.

Почитувачите на припадниците на СС дивизиите прошетаа низ Рига, од катедралата до центарот и положија цвеќа во близина на Споменикот на слободата, каде се сретнаа со помала група демонстранти.

Другата група носеше слики од страдањата во холокаустот, а пуштија и сирена која предупредува на опасност од бомбардирање и пееја песни на руски јазик. Тие прочитија и листа на злосторства направени во Летонија за време на Втората светска војна.

litvanija-nacisti

Полицијата ги растера демонстрантите, а четири лица се приведени.

Голем број Летонци сметаат дека 16 март (Ден на легионерите) е ден за комеморација на воените ветерани, додека руското малцинство во Летонија оценува дека тоа е обид за глорификација на фашизмот и криење на „црното поглавие“ на летонската историја.

Летонија до 1940 година беше под окупација на Советскиот сојуз, една година подоцна беше окупирана од нацистичка Германија, а во 1944 година повторни беше окупирана од СССР.

За време на нацистичката окупација илјадници Летонци се присилно беа мобилизирани во Вафен СС дивизијата, кои за многумина се херои кои се борела за независност од комунизмот.

Околу 250.000 Летонци се бореле заедно или со Германците или со Советите, а приближно 150.000 загинаа.

Во периодот 1941-1942 односно рпед формирање на летонските Вафен СС дивизија убиени се приближно 80.000 Евреи, односно 90 проценти од еврејската предвоена популација во земјата.

Би можело да ве интересира

Поради доаѓањето на Лавров, Естонија, Летонија и Литванија го откажаа учеството на Самитот во Скопјхе

Орце Костов

Балтичките земји ги затворија границите за сите руски автомобили

Летонските кошаркари направија изненадување и ја победија Шпанија на Мундобаскетот

Летонија го доби првиот геј претседател

Русија му наложи на амбасадорот на Летонија да ја напушти земјата во рок од две недели

Одземена лиценцата за работа на независната руска телевизија „Дожд“ во Летонија

А1он