Одземена лиценцата за работа на независната руска телевизија „Дожд“ во Летонија

Од:

Летонските власти денеска соопштија дека „поради прекршувања“ и ја одземале дозволата за емитување на независната руска ТВ станица „Дожд“, која е во егзил во оваа балтичка земја од почетокот на војната во Украина.

Телевизијата „Дожд“ соопшти дека одлуката е „неправедна и апсурдна“.

Летонскиот Национален совет за електронски медиуми во петокот ја казни оваа телевизија со 10.000 евра за емитување на мапа на која се прикажува црноморскиот полуостров Крим, анектиран од Москва, како дел од Русија.

„Каналот ќе престане да се емитува на 8 декември“, јави на Твитер шефот на Наци оналниот совет за електронски медиуми, Иварс Аболинс.

„Летонските закони мора да ги почитуваат сите“, додаде тој на социјалната мрежа.

Летонската агенција ЛЕТА пренесе дека руската телевизиска станица, исто така, е обвинета за поддршка на руската војска и дека не обезбедувала превод на летонски јазик.

На одлуката на летонското регулаторно тело е дозволена жалба.

„Каналот останува на ЈуТјуб (YouTube). Ние продолжуваме да работиме и сметаме дека овие обвинувања се нефер и апсурдни“, соопшти ТВ „Дожд“ на Твитер.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Поради доаѓањето на Лавров, Естонија, Летонија и Литванија го откажаа учеството на Самитот во Скопјхе

Орце Костов

Балтичките земји ги затворија границите за сите руски автомобили

Летонските кошаркари направија изненадување и ја победија Шпанија на Мундобаскетот

Летонија го доби првиот геј претседател

Русија му наложи на амбасадорот на Летонија да ја напушти земјата во рок од две недели

Летонија ја продолжи вонредната состојба на границата со Белорусија