Русија му наложи на амбасадорот на Летонија да ја напушти земјата во рок од две недели

Од:

Министерството за надворешни работи на Русија му наложи на амбасадорот на Летонија да ја напушти територијата на Руската Федерација во рок од две недели, јавува Анадолија.

Во соопштението на руското Министерство за надворешни работи се наведува дека Летонија претходно одлучила да го намали нивото на дипломатските односи со Русија.

Потенцирајќи дека Летонија оваа одлука ја донела од солидарност со другите балтички земји и дека таа причина не е прифатена од Русија, Москва денеска порача дека оваа солидарност значи преземање непријателски чекори кон Русија и тоа во режија на САД.

Во соопштението се нагласува и дека целата одговорност за актуелната ситуација и припаѓа на летонската влада.

„Од летонскиот амбасадор во Москва, Марис Риекстинс е побарано да ја напушти Русија во рок од две недели. Провокативните потези на летонските власти за намалување на нивото на дипломатските односи ќе имаат последици“, се наведува во соопштението на руското МНР.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пукање во центарот на Москва

Предраг Петровиќ

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Гатилов: Подготвени сме за преговори доколку Трамп ја прифати реалноста на терен

Московскиот суд издаде налози за апсење на судии на МКС вклучени во случаи поврзани со Русија

Захарова: Русија и испрати предупредување на Летонија пред тужба за дискриминација на Русите

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор