Летонија го доби првиот геј претседател

Од:

Долгогодишниот летонски министер за надворешни работи, Едгарс Ринкевичс, денеска официјално стана првиот отворено деклариран хомосексуалец на чело на земја-членка на Европската унија.

Ринкевичс (49), кој ја извршуваше функцијата министер за надворешни работи од 2011 година, во Рига положи заклетва како претседател на државата.

Иако генерално е церемонијална функција, летонскиот претседател може да стави вето на законите и да распишува референдуми.

Во Европската унија претходно гејшефови на влади, но никогаш порано за шеф на држава не бил хомосексуалец.

Поранешниот белгиски премиер Елио ди Рупо беше првиот хомосексуалец шеф на влада во ЕУ кој јавно го објави ова.

Ринкевичс прво отворено и јавно кажа дека е хомосексуалец во 2014 година и оттогаш е гласен застапник на правата на ЛГБТ заедницата.

Хомосексуалните бракови не се легализирани во Летонија, иако минатата година Уставниот суд на земјата ги призна истополовите заедници.

Ринкевичс беше избран за претседател на земјата во третиот круг од гласањето на летонскиот парламент во мај.

Во својот инаугуративен говор, тој вети дека ќе продолжи да ги поддржува напорите за помош на Украина во нејзината војна против Русија.

„Руската војна и геноцидот во Украина создадоа нова, сурова реалност“, рече 49-годишниот Ринкевичс, додавајќи дека светот, Европа и нашиот регион се загрозени од империјална Русија и режимот на белорускиот претседател Александар Лукашенко.

Претседателските должности ќе ги преземе од Егилс Левитс, актуелниот претседател на државата со четиригодишен мандат, а ќе ја претставува Летонија на претстојниот самит на НАТО, што следната недела ќе се одржи во Вилнус.

Би можело да ве интересира

Поради доаѓањето на Лавров, Естонија, Летонија и Литванија го откажаа учеството на Самитот во Скопјхе

Орце Костов

Балтичките земји ги затворија границите за сите руски автомобили

Летонските кошаркари направија изненадување и ја победија Шпанија на Мундобаскетот

Русија му наложи на амбасадорот на Летонија да ја напушти земјата во рок од две недели

Одземена лиценцата за работа на независната руска телевизија „Дожд“ во Летонија

А1он

Летонија ја продолжи вонредната состојба на границата со Белорусија