Околу 400 лица уапсени на вториот ден од антивоените демонстрации во 17 руски градови

Од:

Околу 400 лица веќерва се уапсени за време на повторените антивладини демонстрации во Русија против инвазијата врз Украина, наведуваат активистите за граѓански права, јави ДПА.

Порталот за граѓански права ОВД-Инфо до вечерва регистрираше протести во 17 руски градови.

Фотографиите и видеата главно од Санкт Петербург објавени на социјалната мрежа Телеграм покажуваат дека полицајците користат насилство за да ги потиснат протестите.

Многу Руси чувствуваат блиска врска со Украинците, често поради семејни врски, и не се срамат да ги покажат своите чувства.

Денешните демонстрации првично беа многу помали од оние во четвртокот, кога беа уапсени над 1.700 луѓе во повеќе од 40 градови.

Руските власти претходно издадоа итно предупредување против протести и се заканија со апсења. Руските власти постојано забрануваат собири, наведувајќи ја како причина и пандемијата.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Антируски наратив има и во Америка и во Европа

А1он

Протест во Кочани, родителите обвинуваат – „Полицијата не интервенираше навремено“

А1он

Московски суд го одби барањето на Американецот Дејвид Барнс да биде ослободен од руски затвор

А1он

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната

Зеленски: Украина и САД денеска може да потпишат Меморандум за договор за минерали

А1он

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија