Зеленски: Украина и САД денеска може да потпишат Меморандум за договор за минерали

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави во Киев дека Украина и САД денеска може да потпишат Меморандум за намери за Договорот за ретки минерали.

„Пред неколку дена американската страна предложи да се вратиме еден чекор назад. Тоа е Меморандум за намери. И нашите намери се позитивни. Така, Меморандумот за намери може да се потпише онлајн денес. Нашата страна рече: „Во ред“. Разбирам дека сега вицепремиерот работи на текстот. Овој меморандум е важен прв чекор“ рече Зеленски, пренесе „Укринформ“.

Зеленски рече и дека техничките состаноци со САД се одвивале во различни формати – онлајн и офлајн.

– Техничкиот состанок беше навистина продуктивен и позитивен. Мислам дека е добро. Исто така, екипите работеа и вчера и денеска. Нашиот вицепремиер работи со тимот на Бесент (американскиот министер за финансии Скот Бесент) – рече украинскиот претседател.

Според него, партиите почнаа да работат на сериозен договор, кој мора да се разгледа во парламентот и да помине низ соодветните процедури.

– А адвокатите мора да работат на тоа да биде успешен за двете земји. Затоа средбата беше позитивна – нагласи Зеленски.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Украина нема да издржи ако САД застанат на страната на Русија

Зеленски: Русија нападна повеќе од 15 енергетски објекти во Украина

Христофору: Зеленски доживува политички слом поради заладените односи со Вашингтон

Зеленски: САД им се заканиле на украинските генерали со прекин на размената на разузнавачки информации без мое знаење

Горан Наумовски

Зеленски: Партнерите не ја предупредија Украина за можни напади

Зеленски: Ако Русија не се согласи на примирје, ќе одговориме