ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната

Од:

Претседателот на САД Доналд Трамп, изјави денеска дека Вашингтон очекува до крајот на оваа недела да добие одговор од рускиот претседател Владимир Путин за предлогот за прекин на огнот во Украина.

– Ќе го слушнеме нивниот одговор многу скоро, всушност оваа недела. Ние сакаме убиствата да престанат – рече Трамп на пресот со премиерката на Италија Џорџа Мелони во Белата куќа.

Трамп, исто така, повторно зборуваше за украинскиот претседател Володимир Зеленски.

– Не сум задоволен со него. Не го обвинувам, но велам дека не ја заврши најдобро работата. Не сум голем обожавател – рече Трамп за својот украински колега.

Трамп посочи дека Русија има многу поголема армија од Украина и повторно го обвини неговиот претходник Џо Бајден за војната, како што направи неодамна кога ги обвини и рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот Зеленски.

Додаде дека САД и Украина може да потпишат договор за природни ресурси најдоцна до 24 април. Според него, договорот овозможува Америка да ги надомести трошоците за воената помош дадена на Киев.

Според Блумберг износот на овој „долг“ бил намален трикратно во текот на преговорите – од 300 милијарди на 100 милијарди долари.

САД се подготвени да воведат нови санкции против Русија доколку Путин не прифати примирје до крајот на април, според извори на Аксиос.

Трамп бил незадоволен од однесувањето на Путин и смета дека тој намерно го одложува преговарачкиот процес, дозна претходно Фокс њуз. Според истите извори, Белата куќа разгледува можност за строги санкции против руската „флота во сенка“. Трамп претходно изјави дека може да воведе тарифи и до 500 отсто за земјите што купуваат руска нафта.

Би можело да ве интересира

Зеленски: 390 војници од руско заробеништво се вратени во Украина

ЕУ му се заканува на Трамп поради царините: Ќе ја употребиме „базуката“, нашето најмоќно оружје

Трамп ѝ се закани на Европската Унија со царини од 50 отсто

Горан Наумовски

ВИДЕО: Украина три дена ја напаѓа Русија со дронови, затворени аеродромите во Москва

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Русија во арсеналот воведува ракети воздух-воздух со нуклеарни боеви глави

„Ако Путин ја проголта Украина, следни се Полска и Балканот“