Објавени уште 676 документи за убиството на Кенеди

Од:

Американскиот Национален архив објави нови 676 владини документи поврзани за убиството на некогашниот претседател на САД, Џон Ф. Кенеди во 1963 година. Тоа е трето објавување на документи од Националниот архив годинава.

Претседателот на САД, Доналд Трамп минатата недела нареди преостанатите податоци да станат достапни за јавноста и им нареди на федералните агенции повторно да ги проучат предложените интервенции и што помал број информации да останат тајни.

Поголемиот број од денешните документи опфаќаат 553 податоци на ЦИА, кои досега не биле објавени. Тоа се податоци до кои дошле американското Министерство за правда и за одбрана, Конгресот и Нациоанлниот архив.

Документите за убиството на претседателот Кенеди беа ставени под ознаката „строго доверливо“ во 1992 година со одлука на тогашниот американски претседател Џорџ Буш Постариот, со која се воведе 25-годишна забрана за објавување на овие податоци поврзани со атентатот врз Кенеди.

Таквата одлука на Буш уследи по прикажувањето на филмот „Џ.Ф.К.“ на Оливер Стоун во 1991 година, во кој беа изнесени тврдења за заговор на американските власти за убиство на Кенеди.

По ова, во 1992 година беше формирана независна комисија за истрага на атентатот на Кенеди, со задача да утврди кои документи за овој случај треба да бидат објавени, а кои да останат како тајни во Националниот архив. Врз основа на извештајот на Комисијата, Буш донесе за забрана на објавување на некои документи за атентатот до 2017 година, со цел „заштита на националната безбедност“.

Џон Ф. Кенеди е роден на 29 мај 1917 година, а убиен е а 22 ноември 1963 година во Далас. Тој беше смртно ранет додека се возеше во отворен автомобил во претседателската колона, заедно со неговата сопруга Жаклин Кенеди.

Повеќе владини комисии, вклучително и Вореновата комисија, утврдија дека убиецот на Кенеди е Ли Харви Освалд, поради што е осуден на смрт.

Атентатот врз Кенеди и денес е предмет на шпекулации и теории за заговор.

Би можело да ве интересира

Ројтерс: Се намалува бројот на илегални преминувања на мексиканско-американската граница

САД: Четири лица се повредени кога мал авион паднал во двор на куќа во Денвер

Америка до Израел: Ако е вистина дека се убиени 14 деца, тие не се терористи

Орце Костов

Уапсен актер откако силувал и малтретирал девојка: Му се заканува доживотен затвор

ВИДЕО: Олуите и торнадата во САД однесоа 23 жртви, 300 илјади луѓе без струја

Пет лица загинаа во торнадо во Ајова, десетици се повредени