Објавен таен документ – како Русија ќе ја придобие Белорусија

Од:

Внатрешен стратешки документ на Кремљ, кој е достапен за германските медиуми WDR, NDR и SZ, ги објаснува плановите на Москва за постепено преземање на Белорусија. Западните тајни служби сметаат дека документот е автентичен.

Александар Лукашенко минатиот петок отпатува за Москва. Рускиот претседател Владимир Путин пред камерите му се заблагодари на шефот на белоруската држава за неговата посета. Лукашенко низ смеа одговори: „Како да можев да кажам не“. Лукашенко постојано покажува бунт против владетелите во Кремљ. Но, деспотот од Минск е повеќе зависен од Путин од кога било досега. Кога стотици илјади белоруски граѓани излегоа на улиците против него во 2020 година, тој остана на власт само со помош на Москва.

Но, можно е Русија да има многу подалекусежни планови за Белорусија, поточно претворање на западниот сосед во вазална држава. Барем тоа произлегува од документот за кој се вели дека потекнува од администрацијата на Путин и кој го проучувала меѓународна истражувачка мрежа, составена од германските јавни служби WDR и NDR, минхенскиот весник „Зидојче цајтунг“, како и платформите Yahoo News, Delfi Estonia, Kyiv Independent, Expressen, Frontstory.pl, VSQuare, Belarusian Investigative Center и Dossier Center.

Овој внатрешен, досега непознат стратешки документ, чија содржина досега не и беше позната на јавноста, наводно е составен во 2021 година и има 17 страници.

Тој наведува план за постепено припојување на независната европска земја Белорусија од Русија преку политички, економски и воени средства. Тоа детално опишува како Русија може чекор по чекор да ја преземе контролата врз Белорусија со крајна цел да создаде т.н. Унија на држави и тоа најдоцна до 2030. Проектот „Сојуз на држави“ постои од 1999 година, но не се знаеше до каде одат плановите на Русија. Досега се зборуваше само за „Сојуз на држави“, а оваа тема секогаш се претставуваше како здружување или спојување во интерес на двете страни. Меѓутоа, во документот приоритет се дава само на руските интереси.

Стратешкиот план јасно ја наведува целта: „да се обезбеди доминантно влијание на Руската Федерација во белоруското општество, политика, трговија, економија, наука, образование, култура и информации“. Таму треба да се потисне западното влијание и да се создаде бедем против НАТО. Уставната реформа, за која беше одлучена во февруари 2022 година, исто така треба да биде завршена во согласност со условите поставени од Москва. Проруските елити треба да се инфилтрираат и во економијата, истражувачкиот сектор и граѓанското општество.

Документот, исто така, открива дека Русија изгледа сака да го зголеми своето воено присуство во Белорусија и дека треба да создаде заеднички команден систем за вооружените сили. Покрај тоа, белоруската нуклеарна централа треба да се интегрира во електричната мрежа на новосоздадената „Сојуз на држави“.

Би можело да ве интересира

Почна средбата меѓу Путин и Си во Пекинг, по што ќе следи дискусија со учество на делегации

Горан Наумовски

Путин за атентатот на Фицo: Ова монструозно злосторство нема оправдување

Горан Наумовски

Путин потпиша указ за состав на новата влада на Руската Федерација

Путин одлучи: Бортников е нов директор на Федералната служба за безбедност на Русија

Путин оди во посета на Кина

Путин го смени Шојгу

Предраг Петровиќ