Обама и Камерон: Создаваме фронт против тероризмот, продолжуваме со притисокот врз Русија

Од:

Американскиот претседател Барак Обама и британскиот премиер Дејвид Камерон ветија обединет фронт против исламските екстремисти, по серијата напади во Франција, во заедничкиот вовед, кој го објави британскиот весник „Тајмс“.

Во воведот, кој е објавен во пресрет на посетата на Камерон на Вашингтон, двајцата лидери изјавија дека безбедноста е неопходна за економската сила и оти двете земји заедно ќе се борат против тероризмот.

– Заедно ќе се спротивставиме на оние кои ги загрозуваат нашите вредности и нашиот начин на живот. Кога вредностите што ги негуваме беа брутално нападнати во Париз, светот одговори обединето, нагласи Обама и Камерон.

– Ние ќе ги поразиме овие варварски убијци и нивната изопачена идеологија, со која се обидуваат да го оправдаат убивањето невини луѓе, порачаа тие.

Обама и Камерон завршија со заклучокот дека ќе продолжат да вршат притисок врз Русија поради „агресивните постапки“ во Украина.

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува