Обама демантира дека наредил прислушкување на Трамп

Од:

Портпаролот на поранешниот американски претседател Барак Обама денеска го негираше тврдењето на претседателот Доналд Трамп дека Обама лани во октомври наредил тој да биде прислушкуван.

– Основно правило на администрацијата на Обама беше никогаш ниту еден претставник на Белата куќа да не се меша во било каква независна истрага што ја води Министерството за правда – рече портпаролот Кевин Луис, пренесуваат британските медиуми.

Тој додаде дека во согласност со таа пракса, ни Обама, како ни било кој друг претставник на Белата куќае, никогаш не наредиле да се прислушкува некој американски државјанин.

– Било какво поинакво тврдење едноставно е лага – рече Луис.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска го обвини својот претходник Барак Обама дека му го прислушкувал телефонот во текот на минатогодишната кампања, не понудувајќи никакви докази за тоа тврдење, јавија француските медиуми.

Би можело да ве интересира

Уапсен актер откако силувал и малтретирал девојка: Му се заканува доживотен затвор

ВИДЕО: Олуите и торнадата во САД однесоа 23 жртви, 300 илјади луѓе без струја

Трамп: Многу од заложниците што ги чекаме не се меѓу живите

Трамп: Ники Хејли би можела да биде во мојот тим

Пет лица загинаа во торнадо во Ајова, десетици се повредени

Трамп најави дека ќе ги олесни прописите на Бајден за поседување оружје