Постојат најави за терористички напад, кој би требало да го извршат државјанки на Тунис или жени кои ќе носат туниски пасоши, стравуваат Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).
Од тие причини во петокот ОАЕ им забрани на сите Тунижанки да слетаат или транзитираат преку нивните аеродроми, а забрането им е и на авионите од ОАЕ да слетуваат во Тунис.