Најмалку петмина мигранти се удавија во близина на Тунис

Од:

Најмалку пет мигранти од Африка загинаа, а уште 10 се водат како исчезнати откако мал брод вчера потона во близина на Тунис во обид да го премине Средоземното Море и да стигне до Италија, соопштија денеска туниските власти.

По бродоломот туниската крајбрежната стража спасила 20 мигранти кои биле на претоварениот брод, што потона во близина на пристаништето Луата во областа Сфакс.

Пристаништето Луата од неодамна е главна појдовна точка за луѓето кои бегаат од сиромаштијата во Африка и во Блискиот Исток.

Во изминатите месеци стотици луѓе се удавија во близина на брегот на Тунис во обид да стигнат до Европа.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Четворица осудени на смрт, двајца на доживотен затвор за убиство на политичар во Тунис

Туниската полиција уапси стотици мигранти во крајбрежниот регион Сфакас

ВИДЕО: Хаос во Тунис, српските туристи за малку ќе се степаа со хотелиерите откако добија мувлосани соби

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Во напад пред синагога во Тунис: Полицаец уби двајца верници и колега, убиен е и напаѓачот

Горан Наумовски

ВИДЕО: Фудбалерот Низар Ал-Исави почина откако се самозапали

Предраг Петровиќ

Полицијата уапси министер за финансии и познат бизнисмен