ВИДЕО: Фудбалерот Низар Ал-Исави почина откако се самозапали

Од:

Тунискиот фудбалер Низар Ал Исави почина неколку дена по обидот да се самозапали пред полициска станица во северната провинција Каируан.

Локалните медиуми јавуваат дека 35-годишниот фудбалер Ал-Исави починал во болница синоќа од изгореници од трет степен што ги добил откако се полил со бензин и се самозапалил во понеделникот во градот Хафуз.

Радио Mosaique објави дека Ал-Исави објавил видео на својот Фејсбук профил непосредно пред да се самозапали, велејќи дека е „неправедно обвинет во случај за тероризам“ откако отишол во полициската станица да поднесе пријава против трговец со банани со кого имал спор.

„Сакав да го свртам вниманието на полицијата дека еден од продавачите го прекршил законот, продавајќи банани по цена повисока од државната. „Мојата казна беше што ме обвинија за тероризам и ме вмешаа во случај со кој не сум поврзан“, вели тој во таа снимка.

Десетици пријатели на Ал-Исави протестираа на улиците на Хафуз.

Ал-Исави играше за неколку фудбалски клубови во Тунис, вклучувајќи ги Union Sportive Monastirienne и EGS Gafsa. Видеото е на следниот линк.

Би можело да ве интересира

Четворица осудени на смрт, двајца на доживотен затвор за убиство на политичар во Тунис

(ВИДЕО) Фудбалер на албанскиот клуб Игнатија почина на терен

Горан Наумовски

Издаден налог за апсење на познат фудбалер

Предраг Петровиќ

Фудбалер на Ница се заканува дека ќе скокне од мост

Короман доби забрана да и се приближува на поранешната девојка

Горан Наумовски

Туниската полиција уапси стотици мигранти во крајбрежниот регион Сфакас