ВИДЕО: Хаос во Тунис, српските туристи за малку ќе се степаа со хотелиерите откако добија мувлосани соби

Од:

Снимка од инцидент во хотел во Тунис ги запали социјалните мрежи, а главни актери беа српските туристи.

Синоќа „летаа пердуви“ во тунискиот хотел поради несовесниот однос кон српските туристи од страна на познатата агенција Wayout која го пребукира хотелот, а тие останаа „на цедило“.

Ова секако не е изолиран случај, а како што може да се види од описот на видеото, туристите одамна не ја сакаат оваа агенција токму поради, како што велат, проблемите кои секогаш се појавуваат кај нив.

Според пишувањата на социјалните мрежи, групата туристи е несреќна бидејќи агенцијата наводно го пребукирала хотелот во кој престојуваат, оставајќи ги да спијат во соби со мувлосани ѕидови и без клима на 46 степени.

Како доказ, се појави и снимка од незадоволните туристи кои ја опколија рецепцијата и се свртија против хотелските работници, а нивното однесување воопшто не било пријатно.

Тие им викале на работниците на рецепцијата, додека една жена нападнала еден од нив.

– Немој да ти еб*м матер, човеку! – вели лута жена од Србија додека со постелнина го удира рецепционерот.

Маж од Србија избезумено удирал по шанкот и ги пцуел хотелските работници кои во тој момент биле на смена.

На видеото може да се види и жена како фрла хартии во еден момент.

Многу корисници на социјалните мрежи го осудија однесувањето на српските туристи.

– Многу срамно и неприфатливо однесување. Воопшто не се виновни хотелските работници, виновна е агенцијата. Според законот, забрането е фотографирање на рецепционерката на работното место, а да не зборуваме за предизвикување повреди – се наведува во еден од коментарите.

– Дамата која удира невин човек ќе го почувствува шармот на затворот во Тунис, рецепционерите не и направија проблем – се додава во коментарите.

Во еден од коментарите се наведува дека туристите се расправаат со рецепционерите бидејќи не им дале телефон да се обратат во амбасадата.

-Проблемот е што не го добија тоа што го очекуваа, собите немаат клима, но однесувањето на жената е скандалозно – напиша еден корисник.

Би можело да ве интересира

Инцидент во Влае: Ученик нападнал наставници, кршел инвентар и истепал соученици

Горан Наумовски

Со автомобил удрил во маса на која седела жена и нејзиното семејство, потоа настанала тепачка

Четворица мажи се истепале во центарот на Скопје

МВР: Се истепале вработени во здравствена установа во Скопје

Четворица осудени на смрт, двајца на доживотен затвор за убиство на политичар во Тунис

(ВИДЕО) Хаос во Цетиње: Се степаа пратениците во црногорското Собрание

Горан Наумовски