Полицијата уапси министер за финансии и познат бизнисмен

Од:

Туниската полиција денеска ги приведе поранешниот туниски министер за финансии Кајам Турки и познатиот бизнисмен, градежниот магнат Камел Лтаиф, поврзани со последователни коалициски влади, соопштија нивните адвокати, додавајќи дека властите не ги соопштуваат причините за апсењата.

Некои локални медиуми објавија, без да наведат извори, дека Турки е уапсен под сомнение за заговор против државната безбедност, пренесува Ројтерс.

Исламистичката партија Енахда, која е најголема во опозицијата, објави дека апсењето на Турки има за цел да ги заплаши противниците на тунискиот претседател Каис Саид.

Главната опозициска коалиција против Саид, Фронтот на спасот, го осуди апсењето на Тирк, велејќи дека полицијата го испрашувала неколку пати поради средба со водачите на опозицијата.

Властите уапсија или отворија истраги против неколку политички противници на Саид во последниве месеци.

Групите за човекови права изразија загриженост дека политичките слободи на Тунис се скратени откако Саид го распушти парламентот во 2021 година и ги презеде извршните овластувања.

Би можело да ве интересира

Тошковски за вчерашната акција: Епски криминал со милионски суми, приведени се четири лица

Во Будва се уапсени членови на мафијашки клан

Уапсен бегалец од „Идризово“, имал големо криминално минато

Поранешен припадник на ОВК уапсен во Македонија по потерница од Србија, косовското МНР бара негово ослободување

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Полицијата апсеше маскирано лице на покривот на стадионот во Дортмунд

Уапсена 19 годишна девојка во Карпош – Апсења и на Бит Пазар ноќеска