Новиот ирски премиер Варадкар разговараше со Тереза Меј за Северна Ирска и Брегзит

Од:

Новиот ирски премиер Лео Варадкар денеска во Лондон, се сретна и разговараше со британскиот премиер Тереза Меј за актуелната ситуација во Северна Ирска и за последиците од Брегзит врз односите на ирскиот остров.

Во својата прва посета на Велика Британија, откако минатата недела стапи на функцијата, премиерот Варадкар ја изрази загриженоста на официјален Даблин, за намерата на Меј и на нејзните конзервативци да се договорат со северноирската Демократска унионистичка партија (ДУП) за подршка на британската малцинска влада во Парламентот во Лондон.

– Координаторите на мировниот договор за Северна Ирска, од 1998 година, британската и ирската влада, не би требало да бидат премногу блиски до унионистите или до националистите- рекол Варадкар во разговорот со Меј, забележувајќи дека тоа може да се случи доколку конзервативците и ДУП се договорат.

Тој исто така го покренал и прашањето околу границата меѓу Република Ирска и Северна Ирска, единствената копнена граница на Британија со ЕУ, по одлуката на Британците да ја напуштат Унијата.

Прашањето на границата е високо на агендата на Брисел во преговорите за Брегзит , што почнаа денеска, затоа што принципите на ЕУ, за отворени граници, за слободна трговија и слободона комуникација на луге и работна сила, се вградени во темелите на „историскиот„ договор од Велики петок, пред 19 години, со кој се воспостави траен мир на поделениот остров.

На заедничката прес конференција во Даунинг стрит 10, Меј изјави дека го уверувала својот ирски колега дека договорот со ДУП, што нејзнината влада настојува да го постигне нема ништо да и наштети на непристраноста и неврзаноста на двете влади кон двете страни во Северна Ирска, на што се обврзани со договорот од 1998 година.

-Секој евентуален договор (со ДУП) ке биде јавен, транспарентен и тој нема да има влијае врз претходно отворените разговори за формирање нова северноирска владам врз основите на деволуцијата- рекла Меј.

Британскиот премиер изразила и увереност дека во преговорите за Брегзит, нема да се наруши сегашната состојба, повторувајќи ја веке познатата порака упатена до Даблин дека Британија е определена за „изнаоѓање практично решение„ за граничното прашање меѓу Северот и Југот на Ирска.

Варадкар инсистирал дека решението треба да се бара во постењето „невидлива„ граница, линија врз политичка, а не економска основа.

Поранешниот ирски премиер Енда Кени, како и поранешните премиери на Британија, Џон Мејџор и Тони Блер, предупредуваа дека враќање на границата на островот, во некогашниот облик, а таа ке мора да постои откако Британија ке се повлече од ЕУ, може да предизвика враќање на непријателствата како во времето од пред договорот од Велики петок.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон дојде на гласање без лична карта иако воведе закон според кој таа е обврска

А1он

Морничав случај во Велика Британија: Пет лица прикриле смрт и погреб на бебе

А1он

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Во Велика Британија: Уапсена е жена осомничена за убиство на десетгодишно девојче

Велика Британија влезе во рецесија

САД и Велика Британија повторно ги нападнаа Хутите: „Погодивме осум цели“