Новинари на Би-Би-Си уапсени во Катар

Од:

Членови на новинарска екипа на Би-Би-Си два дена поминале во притвор во Доха откако ги снимале условите во кои работат сезонските работници на изградба на стадионот за потребите на Мундијалот во Катар 2022 година.

Новинарската екипа составена од репортер преведувач, возач и камерман пристигнала пред закажаниот термин и го разгледувала градилиштето, при што уследило апсење.

Екипата била ослободена по дводневен притвор.

– Влегоа на приватен имот, што е спротивно на законот во Катар, кој е ист како и во поголем број земји. Повикани се базбедносните сили и екипата на Би-Би-Си е уапсена, соопштија катарски претставници.

Би-Би-Си го поздрави ослободувањето на новинарската екипа, но побара објаснување од Катар, како и враќање на одземената опрема.

Катар во септември 2013 година беше обвинет за лошите услови за работа на градежните работници, а „Гардијан“ тогаш објави дека десетици работници од Непал починале од исцрпеност и жешкото време, како и поради тоа што немале доволно храна и вода.
Катар ги демантираше обвинувањата, но Меѓународната фудбалска федерација соопшти дека азиската држава ќе мора повеќе да направи за заштита на сезонските работници кои работат на изградба на стадионите.

Би можело да ве интересира

Светските медиуми испратија писмо до израелските власти, меѓу нив BBC, CNN, AFP

Во случајот со водителот на Би-Би-Си нема кривично дело, тврди лондонската полиција

Скандал во Би-Би-Си: Познат водител е манијак, го криеле неговото име додека не проговори неговата сопруга

Би-би-си го повлече Гери Линекер од програма поради твит против владата

Би-Би-Си за несреќата кај Киев: Летањето на мала височина помага да се избегнат ракети, но носи ризици и е исклучително стресно за пилотите

А1он

Би-Би-Си го осуди апсењето на својот новинар, кој известуваше за демонстрациите во Шангај

А1он