Би-Би-Си го осуди апсењето на својот новинар, кој известуваше за демонстрациите во Шангај

Од:

Британската медиумска група Би-Би-Си (ББЦ) јави дека еден од нивните новинари бил уапсен и претепан во Кина додека известувал од Шангај за демонстрациите против ковид ограничувањата.

Би-Би-Си е многу загрижена за начинот на кој беше третиран нашиот новинар Ед Лоренс, кој беше уапсен и му се ставени лисици на рацете додека известуваше од демонстрациите во Шангај, изјави портпаролот на Би-Би-Си.

Тој наведе дека Лоренс вчера бил претепан додека работел како акредитиран новинар. Новинарот бил задржан во притвор, а по неколку часа бил ослободен.

Портпаролот на Би-Би-Си истакна дека компанијата не добила никакво официјално објаснување ниту извинување од кинеските власти, освен тврдењето дека Лоренс бил приведен за да не се зарази со Ковид-19.

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Џао Лиџијан изјави дека Лоренс не бил идентификуван како новинар односно не покажал новинарска акредитација. Џао побара од странските медиуми да „ги почитуваат кинеските закони и прописи за време на нивниот претстој во Кина.

Протестите во Кина почнаа откако на 24 ноември изби пожар во зграда во Урумчи, при што загинаа десет луѓе. Демонстрантите тврдат дека на жителите од запалената зграда не им било дозволено да побегнат поради ковид ограничувањата, поради што голем број од нив загинале.

Кинеските власти негираат дека мерките воведени за запирање на ширењето на коронавируст ги забавиле напорите на спасувачите и пожарникарите во запалената зграда во градот Урумчи. Тие, исто така тврдат дека на жителите од станбениот блок не им било забрането да ја напуштат зградата кога избувнал пожарот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Светските медиуми испратија писмо до израелските власти, меѓу нив BBC, CNN, AFP

(ВИДЕО) Исплови првиот кинески крузер: Бродот има 16 ката, парк со палми и трговски центар

А1он

Во случајот со водителот на Би-Би-Си нема кривично дело, тврди лондонската полиција

Скандал во Би-Би-Си: Познат водител е манијак, го криеле неговото име додека не проговори неговата сопруга

Би-би-си го повлече Гери Линекер од програма поради твит против владата

Би-Би-Си за несреќата кај Киев: Летањето на мала височина помага да се избегнат ракети, но носи ризици и е исклучително стресно за пилотите

А1он