Би-Би-Си за несреќата кај Киев: Летањето на мала височина помага да се избегнат ракети, но носи ризици и е исклучително стресно за пилотите

Од:

Би-Би-Си објави мини-анализа за хеликоптерска несреќа во градот Брвари, недалеку од Киев, во која загинаа најмалку 18 лица. Крис Патриџ, аналитичар на системи за оружје на Би-Би-Си, пишува дека хеликоптерите обично летаат ниско за да избегнат ракети. Киев, главниот град на Украина, е во домет на руските противвоздушни системи С-400 САМ, кои се наоѓаат во соседна Белорусија.

Станува збор за исклучително ефикасни системи за противвоздушна одбрана кои ги принудуваат авионите и хеликоптерите, да летаат ниско за да избегнат радарско откривање. Летањето на мала надморска височина, исто така, ја прави помала веројатноста да бидат нападнатнати од други системи за противвоздушна одбрана, како што се ракетите со инфрацрвени зраци, истакнува Патриџ.

Но, во исто време, летањето на мала надморска височина значително ја зголемува веројатноста за судир со предмети на земјата. Овој тип на летање е исклучително стресен за пилотите, особено во урбаните средини каде што има голем број високи градби како згради или дрвја.

Засега не е позната причината за падот на хеликоптерот во кој се наоѓаше украинскиот министер за внатрешни работи, но летањето на мала височина дефинитивно носи големи ризици, се заклучува во мини-анализата.

Би можело да ве интересира

Трамп: Зеленски сака крај на лудилото и преговори со Русија

Замрзнување на конфликтот е неприфатливо за Русија

ВИДЕО: Кадиров излезе од „Бредли“; „Ќе ти дадам пиштол, можеш сам да пукаш во себе“

Украинците тргнаа во против напад во Курск

ВИДЕО: Разговараа шефовите на руската и на американската војска

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Лавров влезе во Европската унија и тоа со руски владин авион