Нови случаи на инфицирани со вирусот МЕРС во Јужна Кореја

Од:

По оптимистичките најави дека епидемијата од смртоносната вирусна зараза МЕРС стивнала, здравствените власти во Јужна Кореја соопштија дека нема причина за опуштање, бидејки денеска се регистрирани три нови заболени лица.

Сите тројца се медицински работници,од кои двјацата се од елитната болница на Самсунг, во Сеул. Во оваа болница почна ширењето на епидемијата на опасната болест, кај нас позната како Нилска треска, а од до сега регистрираните 169 заразени, над 80 биле нападнати од вирусот токму во болницата Самсунг.

Во петокот и саботата од болниците се отпуштени како оздравени седумина пациенти, со што вкупнатѕа бројка на тие што се спасиле се зголеми на 43. До сега, на болеста, што започна да се шири на 20 мај, починаа 24 лица.

Се намали и бројката на сомнителните случаи на лица што се под карантин. Од вкупно 6.700 случаи што беа под надзор до минатата среда, денеска под карантин се наоѓаат 4.035 жители на Сеул и блиските градови.

Повеќето од училиштата и градинките, што беа затворени три недели, од утре ќе ја обноват наставата. Останува бројка од 120 училишни останови, најмногу во Сеул, во кои наставата се одложува и натаму.

Би можело да ве интересира

Северна и Јужна Кореја „разменија“ гранати: Војската на Ким Џонг Ун подготвена и за најмала провокација

А1он

ВИДЕО: Лидерот на опозицијата во Јужна Кореја избоден со нож во вратот

Јужна Кореја и се закани на Кина: Не може да се толерираат промени во Јужното Кинеско Море

Катерина Ѓуровски

Северна Кореја рано утринава истрела неколку крстаречки ракети кон Жолтото Море

ВИДЕО: 37.000 извидници евакуирани од камп во Јужна Кореја пред налетот на тајфунот Канун

Катерина Ѓуровски

Поплави и свлечишта во Јужна Кореја, стотици луѓе евакуирани

Горан Наумовски