Нови сигнали за затоплување на односите меѓу Сеул и Пекинг со Токио

Од:

Зголемени се можностите за обновување на трилатералните односи на највисоко ниво меѓу Јужна Кореја, Кина и Јапонија, кои беа прекинати во 2012 година, соопшти кабинетот на јужнокорејската претседателка Парк Геун-хе.

Претседателката Парк, не определувајќи го времето на евентуалниот трилатерален самит, соопшти дека средбата  ќе зависи од резултатот на состанокот на министрите за надворешни работи, што треба да се оддржи до крајот на годинава.

Последниот заеднички состанок на претседателите на трите моќни држави од североистокот на Азија се одржа во Пекинг, а прекинувањето на ваквите средби што, со ротирање на домаќинот, започнаа во 2008 година, дојде поради спротивставените ставови околу сувереноста на групи острови за чија територија има различни аспирации од трите држави.

Голема пречка кон нормализација на сега затегнатите односи на Сеул и Пекинг со Токио е и неприфаќањето на ставовите за улогата на јапонската империјална армија во Втората светска војна.

Би можело да ве интересира

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција

Вучиќ: Србија и Кина напорно работеa за да ги развијат односите

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени