Новата рунда преговори Украина-САД во вторник во Саудиска Арабија

Од:

Делегациите на САД и Украина ќе се сретнат во вторник во Саудиска Арабија за да разговараат за она што Вашингтон го нарекува првичен прекин на огнот со Русија.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски потврди дека следната недела ќе отпатува за Саудиска Арабија, но нема лично да учествува во преговорите – таа задача ќе ја преземат дипломати. Зеленски изрази надеж дека средбата ќе биде „значајна“ и нагласи дека Киев работи на постигнување „брз и траен мир“.

Овие преговори доаѓаат откако Доналд Трамп одржа директни разговори со рускиот претседател Владимир Путин и го прекина споделувањето разузнавачки информации и воената помош за Украина. Трамп верува дека Саудиска Арабија е најдобро позиционирана да ги доведе Русија и Украина на преговарачка маса. Тој синоќа пред новинарите изјави дека двете страни сакаат договор бидејќи немаат друг избор.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Украинците првпат спасија војник од „зона на смртта“ со дрон

Катерина Ѓуровски

Трамп нуди поволности за Москва во мировниот договор за Украина

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Украинците му нанесоа огромна штета на „рускиот Гугл“

ВИДЕО: Трамп веќе отворено ја брани Русија, Зеленски вели загубил територија и океани

Зеленски: Украина нема да издржи ако САД застанат на страната на Русија

Зеленски: Русија нападна повеќе од 15 енергетски објекти во Украина