Австралискиот портал „News.com.au“ пишува за тоа како се појавила нова опасна подваријанта на коронавирусот и дека може да биде најлоша досега.
Опасна подваријанта на Ковид 19 прави хаос низ Америка и Велика Британија и е означена од еден експерт како „следната голема и најлоша варијанта во светот во моментов“.
Новиот вид, наречен XBB15, првпат се појави во Њујорк и брзо се прошири низ земјата и регионот, како и во Велика Британија.
Според Центрите за контрола и превенција на болести, случаите на новиот вид се двојно зголемени во изминатата недела.
Американскиот епидемиолог Ерик Фајгл-Динг, кој е обучен на Харвард, неодамна сподели низа алармантни објави на Твитер во врска со таканаречената супер варијанта, предупредувајќи дека е меѓу варијантите кои вешто го избегнуваат имунитетот и дека е една од најдобрите варијанти за ги напаѓа човечките клетки.
Епидемиологот вели дека XBB15 повеќе не е типичен омикрон, „тоа е посебна варијанта на мешавина и рекомбинација која дополнително мутирала“.
„XBB15 моментално е најлошата варијанта во светот и всушност е американска варијанта“, истакна тој.