Нов состанок на Меркел и Макрон, теми брегзит и ЕУ

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска ќе се сретне со францускиот претседател Емануел Макрон за да разговараат за Брегзит, односите со САД и други европски прашања.

Денешниот состанок се случува еден ден откако британската премиерка Тереза Меј рече дека Парламентот ќе добие шанса да гласа за одложување на излезот на Британија од ЕУ закажан за 29 март. Одложувањето би барало одобрување и од останатите членки на ЕУ.

Меркел и Макрон, исто така, ќе потсетат на француско-германското партнерство во областа на одбраната, соопштено е од канцеларијата на францускиот претседател.

Двајцата лидери во јануари оваа година потпишаа договор со кој се обновува повеќедецениското пријателство на тие две земји. Тие ветија дека ќе ја зголемат соработката во областите: надворешна и одбранбена политика, борба против криминалот и тероризмот, меѓународен развој и истражувањата.

 

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ако Франција испрати војници во Украина, директен конфликт со НАТО е неизбежен

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Макрон не исклучува испраќање западни трупи во Украина

Катерина Ѓуровски

Бајден ги измеша Ангела Меркел и Хелмут Кол кој почина во 2017 година

Катерина Ѓуровски

Макрон веќе не му се јавува на Путин

Макрон: Училиштата ќе бидат немилосрдни во забраната за носење муслиманскa абаja

Меркел го доби највисокото германско државно признание