Кремљ: Ако Франција испрати војници во Украина, директен конфликт со НАТО е неизбежен

Од:

Кремљ реагираше на изјавите на францускиот претседател Емануел Макрон дека испраќањето западни трупи на теренот во Украина „не е исклучено“ во иднина. На вчерашната конференција во Париз, Макрон потврди дека „во оваа фаза нема консензус“ во врска со одлуката, но дека „ништо не треба да се исклучи“.

„Самиот факт дека се разговара за можноста за испраќање одредени контингенти во Украина од земјите на НАТО е многу важен нов елемент“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на новинарите на прашањето за изјавите на Макрон.

Тој се осврна и на ризикот од директен конфликт меѓу Русија и НАТО доколку членките на НАТО испратат свои војници да се борат во Украина. „Во тој случај не би морале да зборуваме за веројатноста, туку за неизбежноста (на директен конфликт)“, рече Песков.

Шведска, Чешка и Полска се оградија од изјавите на Макрон. Во меѓувреме, Киев реагираше позитивно на коментарите на Макрон. Советникот на украинскиот претседател Михајло Подољак истакна дека дискусијата за потенцијалната интервенција на Западот во војната била добра. „Ова покажува апсолутна свест за ризиците што ги носи Европа од милитаристичка, агресивна Русија“, истакна тој.

Би можело да ве интересира

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков