Бајден ги измеша Ангела Меркел и Хелмут Кол кој почина во 2017 година

Од:

Претседателот на САД Џо Бајден, додека раскажуваше разговор од 2021 година, двапати го спомна покојниот германски канцелар Хелмут Кол наместо поранешната канцеларка Ангела Меркел.

Тоа беше вторпат оваа недела Бајден да се присети на разговор со европски лидер кој е мртов со години.

Бајден на два настани рече дека Хелмут Кол, кој почина во 2017 година, го прашал како би реагирал доколку ги прочита вестите за луѓе кои упаднале во британскиот парламент и убиле офицери „за да го запрат изборот на премиер“. Меркел беше на таа средба во Велика Британија.

Овие изјави не се првата конфузија на Бајден со имињата на европските лидери.

Во неделата, Бајден го помеша Франсоа Митеран, поранешниот француски претседател кој почина во 1996 година, со францускиот претседател Емануел Макрон.

Би можело да ве интересира

Бајден на историски најниско ниво со поддршка од 38,7 отсто

Бајден го потпиша законот за воена помош за Украина

Горан Наумовски

Бајден: Канибалите го изедоа вујко ми

(ВИДЕО) Нов гаф на Бајден: И се заблагодари на „Чехословачка“

Бајден е горд на проширувањето на НАТО до границите со Русија

ВИДЕО: Бајден го нарече пристапот на Нетанјаху кон војната во Газа „грешка“

Катерина Ѓуровски