Њузвик: Абдеслам користел и албанска телфонска картичка

Од:

Престижнот весник „Њузвик“, повикувајќи се на таен документ на француските служби пишува дека Салах Абдеслам користел две телефонски картички „Самсунг“.

Како што стои во написот, на кој се повикува порталот Албеу, едната картичка била хрватска ,додека другата албанска, јавува дописникот на МИА од Тирана.

Весникот уште наведува дека во повеќе балкански земји ИД регрутирала голем број борци.

Салах Абдеслам (27) е главниот осомничен за терористичките напади во Париз во ноември 2015. година, кого белгиската полиција го уапси во средината на овој месец во белгиската населба Моленбек, каде пораснал.

Француските власти бараат тој да биде испорачан во Париз, каде го чекаат обвиненија за тероризам поради учеството во нападите изведени на 13 ноември на повеќе локации во Париз, во кои што беа убиени над 130 луѓе.

Неговиот адвокат, Свен Мари, кој се појавил пред истражниот суд на Белгија на првото сослушување по повод екстрадициската процедура на неговиот клиент побарал итна екстрадиција на неговиот клиент во Франција.

Истражниот судија не донесол одлука дали Салах Абдеслам по итна постапка ќе биде екстрадиран во Франција, што е негова желба, туку одлуката ја одложи до 7 април.

Би можело да ве интересира

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски

Уапсени четири лица во Брисел: Планирале напад на концертната сала

(ВИДЕО) Хаос во Брисел: Земјоделците палат гуми и фрлаат измет кон полицијата

Стотици фармери ги блокираа патиштата околу белгиското пристаниште Антверпен-Бриж

Тројца повредени во напад со нож во Париз

Улица во Париз ќе го носи името на Дејвид Боуви

А1он