Нетанјаху го нарече срамотен повикот на Макрон за ембарго за оружје на Израел

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека повикот на францускиот претседател Емануел Макрон за ембарго за оружје на Израел е „срамотен“.

„Додека Израел се бори против варварските сили предводени од Иран, сите цивилизирани земји треба цврсто да застанат на страната на Израел. Сепак, претседателот Макрон и другите западни лидери сега повикуваат на ембарго за оружје против Израел. Срам да им е“, рече Нетанјаху, а пренесе Тајмс на Израел.

Нетанјаху вети дека Израел ќе победи „со или без поддршка“.

„Но, нивниот срам ќе продолжи долго откако ќе се победи војната“, истакна Нетанјаху.

Тој рече дека Израел ја брани цивилизацијата од оние кои сакаат на сите да им наметнат „темно доба на фанатизмот“.

„Бидете уверени, Израел ќе се бори додека не се добие битката – за наше добро и за доброто на мирот и безбедноста во светот“, нагласи Нетанјаху.

Би можело да ве интересира

Најмалку 42 лица загинаа во израелските напади врз Газа во последните 24 часа

Ели Шарвит е назначен за нов шеф на Шин Бет

Иранската војска ги подготвува ракетните системи со долг дострел по заканите на Трамп

Горан Наумовски

Али Хамнеи: САД ќе се соочат со силна одмазда ако го нападнат Иран

ВИДЕО: Нема мир во Газа ниту на празник, Израел ги продолжува нападите

Катерина Ѓуровски

Дефинитивно крај за УСАИД: „Готово е, благодарение на претседателот Трамп“