Навивачите се степаа во Бразил, со пивско шише ранија девојка, од повредата таа почина

Од:

Дваесет и тригодишна Бразилка почина во болница во Сао Паоло, откако пред два дена беше тешко повредена во судир меѓу навивачите на Палмеирас и Фламенго. Во пресрет на неделното бразилско дерби меѓу Палмеирас и Фламенго, имаше големи навивачки судири, а 23-годишната Габриела Анели беше тешко повредена додека чекаше да влезе на стадионот „Алијанц Парке“.

Во толпата таа се здобила со расекотина на вратот кога ја удрило стаклено пивско шише. Младата девојка во тешка состојба била пренесена во здравствениот дом, но два дена подоцна починала.

„Благодарам на сите што се молеа за мојата сестра, но таа отиде кај нејзиниот татко во рајот“, напиша нејзиниот брат Фелипе Анели на Инстаграм.

Би можело да ве интересира

Навивачи на „Брајтон“ се повредени и ограбени во Рим

(ВИДЕО) Снимка од навивачките нереди во Загреб: Повредени полицајци, приведени навивачи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Хаос на софиските улици: Навивачи предизвикаа „војна“ со полицијата, неколкумина се повредени

ВИДЕО: Инвазија од 100 илјади фанови, тепачки, најголема мобилизација на полицијата

Предраг Петровиќ

Малолетник нападнал полицајци во СРЦ „Кале“, во станица завршиле и петмина скопјани

Горан Наумовски

Грците се лутат на Хрватите и бараат од УЕФА: Избркајте ги нацистите

Предраг Петровиќ