ВИДЕО: Инвазија од 100 илјади фанови, тепачки, најголема мобилизација на полицијата

Од:

Кога станува збор за лојалноста кон одреден клуб и опседнатоста со фудбалот, ретко кој може да им парира на јужноамериканските навивачи. Страста што ја имаат кон своите тимови е посебна, а тоа особено важи за навивачите на култниот аргентински клуб Бока Јуниорс.

Пред натпреварот на Бока во Рио де Жанеиро на финалето на Копа Либертадорес со бразилскиот Флуминенсе, градот е под вистинска инвазија на Аргентинците.

Според некои извори, ова е најголемата мобилизација на гостински навивачи во историјата на фудбалот, бидејќи повеќе од 100.000 навивачи на Бока Јуниорс патувале во Рио на различни начини.

Се проценува дека само 23 илјади од нив имале билети за натпреварот на легендарната Маракана, но најважно било да се стигне до Рио. За тоа сведочат зборовите на едно момче:

– Татко ми го продаде моторот, а јас го продадов мојот PlayStation само за да дојдам овде. Немаме ни билет, но ова е Бока – изјави малото момче.

Навивачите на Бока ја окупираа познатата плажа Копакабана, каде имаше одредени инциденти. Во Рио се и навивачите на радикалната Бока од групата „Ла Бара де Бока“, кои изјавија дека се подготвени за пресметка со навивачите на Флуминенсе.

Бразилската полиција е на максимално ниво на мобилизација и ќе има многу работа во текот на денот но и после натправарот за одржување на јавниот ред и мир.

Би можело да ве интересира

Исекоа шума во Аргентина, папагалите се спуштија во градот, гризат кабли, ги излудуваат луѓето

ВИДЕО: Хаос на стадион – голманот на Бока се судри со навивачите

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Бразилски политичар удри конкурент со стол за време на дебата

Бразил продолжи со катастрофалната игра, загрозен е пласманот на Мундијалот по поразот од Парагвај

Предраг Петровиќ

Детали за навивачката тепачка во Осиек: Пријавени се 67 Полјаци, еден тешко повреден

Предраг Петровиќ

Судот во Бразил ја потврди забраната за социјалната мрежа Х