(ВИДЕО) Хаос на софиските улици: Навивачи предизвикаа „војна“ со полицијата, неколкумина се повредени

Од:

Неколку лица се повредени во судирите меѓу навивачите и бугарската полиција во Софија пред квалификацискиот натпревар од групата Г за ЕП 2024 меѓу Бугарија и Унгарија, пишува бугарски Спортал.

Навивачите на неколку бугарски клубови попладнево се собраа во близина на стадионот „Васил Левски“, каде од 18 часот се играше натпреварот меѓу Бугарија и Унгарија, кој се одигра без публика.

Навивачите групно се упатија кон стадионот, но бугарската полиција ги спречи да се приближат до спортскиот објект бидејќи поставуваа кордони. Околу 17:40 часот по средноевропско време дошло до судири меѓу навивачите и полицијата. Навивачите почнале да фрлаат ракети и тврди предмети кон полицијата, која одговорила со водени топови. Локалните медиуми јавуваат дека има повредени од двете страни.

Би можело да ве интересира

Навивачи на „Брајтон“ се повредени и ограбени во Рим

(ВИДЕО) Снимка од навивачките нереди во Загреб: Повредени полицајци, приведени навивачи

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Инвазија од 100 илјади фанови, тепачки, најголема мобилизација на полицијата

Предраг Петровиќ

Малолетник нападнал полицајци во СРЦ „Кале“, во станица завршиле и петмина скопјани

Горан Наумовски

Грците се лутат на Хрватите и бараат од УЕФА: Избркајте ги нацистите

Предраг Петровиќ

Четворица тешко повредени навивачи се во грчки затвор, АЕК не сака да објави снимки од стадионот