Научниците и натаму поделени околу способноста на коронавирусот да се пренесува преку воздух

Од:

Група истражувачи од Универзитетот во Флорида успеа да изолира жив примерок од новиот коронавирус од воздухот, што на оддалеченост од два до пет метри беше земен од пациенти, хоспитализирани поради инфекција со Ковид-19, објави Њујорк тајмс.

Научниците тоа го објавија минатата недела на интернет. Студијата се уште не е рецензирана, но предизвика дебата.

Експертите наведуваат дека не е јасно дали количеството вирус пронајдено во воздухот е доволно да зарази друго лице.

– Обидите да се земат таквите минијатурни капки најчесто го оштетуваат вирусот. Многу е тешко да се земе примерок од биолошки материјал од воздух, а да е употреблив. Мораме на паметен начин да ги собираме примероците, за да бидат слични на тие што ги вдишуваат луѓето, посочи инженерката Сели Милер, која го проучува квалитетот на воздухот и болестите што се пренесуваат преку него.

Вирусологот Линси Мар, пак, истакнува дека тоа е доказ дека вирусот опстојува во воздухот. Претходните обиди да се истражи ширењето на Ковид-19 по пат на аеросоли беа неуспешни поради земањето на примероци. Една група успеа да го изолира вирусот, но не успеа да докаже дали тој има моќ да зарази.

Истражувачите од Универзитетот во Флорида земените примероци ги зачува така што прво ги зголемија со водена пареа, па ги префрли во течност полна со соли, шеќери и протеини, за да го зачува патогенот. Истата методологија била применета кога биле земани примероци од болничките соби, но тогаш не успеале да го изолираат новиот коронавирус поради присутноста на други респираторни вируси.

Би можело да ве интересира

Државата е еден од најголемите загадувачи: Над 700 институции користат греење со кое го трујат воздухот, најголем дел се во училишта и градинки

A1on

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска