НАТО поради Москва испрати војска во Полска и сите балтички држави

Од:

Елитни американски единици и тенкови во идните две недели ќе бидат распоредени во сите три балтички држави и во Полска со цел на Москва да и се испрати порака за одлучноста на НАТО, пишува „Ројтерс“.

Нивна цел е да ја уверат Москва, дека за разлика од Украина која што не е членка на НАТО, секое мешање на Русија во Латвија, Литванија и Естонија би значело војна со Северноатлантскиот сојуз.

Овие три држави некогаш беа дел од СССР, поради што аналитичарите се уверени дека Москва повторно би сакала да го зацврсти своето влијание, особено на подрачјата со руска етничка заедница.

Единицата „Ironhorse”, со околу 700 војници, 20-ина тенкови „М1А1 Абрамс“ и оклопни борбени возила „Bradley“ и „Stryker“ е една од највеличествените единици на американските вооружени сили, кои стапнале на поранешното советско тло. Неколку бази и подрачја од кои ќе дејствува единицата се изградени за некогашната советска Црвена армија.

-Целта е да се види приврзаноста кон нашите сојузници. Можеби ќе ни треба повеќе време за распоредување на овие сили, отколку на некои полесни борбени средства-изјави капетан Џон Фармер, задолжен за односи со јавноста.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Полски министер за одбрана: Полјаците се огорчени кога гледаат млади Украинци во кафулињата

Горан Наумовски

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија