Нашиот одговор на нападите во Копенхаген ќе утврди какви сме

Од:

Гардијан – Лондон

Се наоѓаме на опасна територија. Слободата на говорот треба да се брани, но без да се прибегнува кон провокации заради тоа

Чудно е некој кој бил учесник во случувањата во Копенхаген во саботата да ги омаловажува, но Хеле Мерете Брикс имено успеа да го стори тоа. „Слушнав тресок. Мислев дека некој нешто испуштил“, рече таа за радио Би-Би-Си 5 во неделата утрината. Радио станицата потоа во етер пушти снимка од моментот на нападот врз собирот во спомен на годишнината на фатвата против Салман Ружди, и кој го водела Мерете Брикс. Брзиот смрзнувачки звук од стрелбата се чинеше дека бескрајно продолжува. Нема сомнение дека целта била да се создаде кланица.

Според зборовите на Мерете Брикс, таа и најверојатно конкретна цел шведскиот карикатурист Ларс Вилкс, брзо биле одведени на безбедно место во зградата каде чекале во следните 30 минути. Тие „се држеле за раце и си раскажувале зајадливи вицови“. Стоицизам од таков вид можеби ќе биде потребен и во следните месеци.

Данските случувања се шокантни самите по себе: напади против оние кои го подржуваат објавувањето на ликот на пророкот Мухамед, а после и крвавиот напад против евреи и симболи на јудаизмот – синагогата, пред која чувар беше застрелан во главата.

Исто толку шокантен е и впечатокот дека шест недели по ѕверствата во редакцијата Шарли ебдо е можно да одиме кон нова норлалност. Богохулниот, масовно насилен воинствен напад против интелекутална дскусија, учеството на мала спретна група напаѓачи кои тешко се следат во Париз; во Данска – како што изгледа – напаѓачот бил сам. Ќе има многубројни последци, па дури и поголема потреба од засилени и очигледни мерки за безбедност насекаде каде ќе има дискусии како оние во Копенхаген. Тоа може само да го намали бројот и разновидноста на такви дебати. но сепак е од животна важност да продолжи да ги има, со учество на сите страни на зададена тема, слободно да се вклучат и слободно да го кажат тоа што го мислат. Ќе треба да се дадат и поголеми гаранци за еврејските заедници. Нападите во Шарли ебдо доведоа до засилување на меркитеза безбедност околу синагогите и другите јавни објекти, а ние тука во Обединетото Кралство и самите видовме колку е голема вознемиреноста. Од првостепено значење е покрај растот на оваа криза евреите, нивното секојдневие како и нивните религизни чинови да не бидат издвоени. Ако треба да има нова состојба на нормалност во кое протести ќе се изразуваат со убиства, на неа треба да се спротивставиме со решителна солидарност во сите заедници, а истото треба да се направи и во однос на сите престапи од омраза.

Се наоѓаме на опасна територија. Не може убиството на луѓе да се оправда како форма на политички протест. Слободниот говор како законска и морална карактеристика на слободното општество треба да биде опстои. Но постојат и други задолженија кои треба да ги сменат оние кои сакаат да живеат во мирни и разумно хармонични општества. Дури после Париз, дури после Данска, треба да се чуваме од разбирливото искушение да сме провокативни при објавувањето на овие карикатури, само и само за да покажеме дека можеме тоа да го сториме. Со правото на слобода на говорот доаѓаат и одговорностите.

Ми се чини дека имено тоа е вистинскиот ристап од морална гледна точка, но прашањето има и практичен дел. Со вооружени луѓе не може да се преговара. Ако треба да има напредок, тој ќе дојде низ дијалог со милиони муслимани верници, кои никогаш не би помислиле да убиваат, но кои и покрај тоа се навредени од овие карикатури. Не можеме да имаме таков разговор во вакви времиња и со дух на провокација. А да го направиме нема да биде пројава на слабост.

Силниот пристап не е нужно да го правиш тоа кое е можно, туку да го правиш она кое е праведно.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Гори една од најпознатите згради во Копенхаген

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

ВИДЕО: Ја испраќаме целата артилерија што ја имаме во Украина, најави данската премиерка

Катерина Ѓуровски

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он