НАСА открива само еден од 10 потенцијално опасни астероиди

Од:

НАСА и покрај софистицираната техника и моќните телескопи може да открие само 10 отсто од потенцијалното опасните вселенски објекти што можат да ја загрозат Земјата, покажуваат резултатите од програмата за следење на Американска вселенска агенција,

Дури 90 проценти од кометите, астероидите и другите објекти во вселената што влегуваат во Земјината орбита не можат да се идентификуваат. Сепак, повеќето од нив не се опасни. Проценките на НАСА покажуваат дека над 100 тони камења секојдневно летаат кон Земјата, но најголем дел согоруваат и се распаѓаат во атмосферата.

Астрономите, сепак, укажуваат дека за да предизвикаат штета, поголемите објекти не мора нужно да паднат на Земјата. Метеор, со маса од околу 10.000 тони во 2013 година експлодира над Чељабинската област во Русија на височина меѓу 15 и 25 километри. Силата на екплозијата беше еднаква на 30 атомски бомби и предизвика голема материјална штета, а имаше и повредени луѓе.

Вакви настани се случуваат на секои 20-30 години и прашање на време е кога ќе се повтори и дали ќе погоди населено место или некоја  точка на средината на океанот.

Поради тоа, НАСА си постави задача до 2020 година да ги подобри програмите за навремено откривање на вселенските објекти и да ја зголеми обученоста на персоналот.

Би можело да ве интересира

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Сонда на НАСА со примерок од астероидот кој има најголеми шанси да удри во Земјата, успешно слета

А1он

(ВИДЕО) НАСА објави голем извештај за НЛО: „Ова е една од најголемите мистерии“

Најмоќниот телескоп на НАСА можеби открил знаци на живот на далечна планета

Катерина Ѓуровски

НАСА објави фотографии од површината на Месечината пред и по падот на руското вселенско летало