НАСА гради пофлексибилни и еластични модули од досегашните

Од:

Американската агенција за истражување на вселената НАСА ќе изгради пофлексибилни модули во кои престојуваат астронаути во вселената наместо досегашните алуминиумски.

Во компанијата Bigelow Aerospace во Лас Вегас беа презентирани детали од тој проект кој ќе чини околу 18 милијарди долари. Проектот за изградба на флексибилни и еластични модули ќе се тестира на Меѓународната вселенска станица (ISS).

Новиот модул наречен Bigelow Expandable Activity ќе зазема простор од околу 2,1 метар и со капсули ќе се пренесува во вселената.

Новиот модул ќе се користи по тестот за издржливост што ќе биде спроведен во 2015 година на ISS.

Ако наведениот модул го мине тетсот за издржливост, ќе се користи како природен животен амбиент за мисии на Месечината и Марс. Новиот модул ќе обезбеди трипати поголем простор од оној кој досега беше модулиран од алуминиум.

Би можело да ве интересира

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Сонда на НАСА со примерок од астероидот кој има најголеми шанси да удри во Земјата, успешно слета

А1он

(ВИДЕО) НАСА објави голем извештај за НЛО: „Ова е една од најголемите мистерии“

Најмоќниот телескоп на НАСА можеби открил знаци на живот на далечна планета

Катерина Ѓуровски

НАСА објави фотографии од површината на Месечината пред и по падот на руското вселенско летало