Над 100 загинати и 4.000 повредени во експлозијата во Бејрут

Од:

Во вчерашната страотна експлозија во либанскиот главен град Бејрут, билансот на загинати се искачи над 100, а повредени се илјадници луѓе, соопшти утрово локалниот огранок  на Црвениот крст. Билансот не е конечен, затоа што според спасувачките служби, многу тела се затрупани под урнатините.

Десетици згради во близина на пристаништето каде се случи експлозијата се целосно урнати, а стотици згради ширум градот се оштетени. Експлозијата предизвикала потрес со јачина на земјотрес од 3.5 степени.

Болниците во Бејрут бргу се исполниле, а низ градот цела ноќ се ширеле повици за донирање крв за да им се помогне на повредените. Со часови по експлозијата, која е најтешката во историјата на Бејрут исполнета со војни и разурнување, амбулантните возила од целата држава ги пренесувале повредените во бејрутските болници.

Ненадејната катастрофа што го погоди Либан се случува во време кога здравствените капацитети на земјата веќе се оптоварени со епидемијата на коронавирусот, а државата се бори со тешка економска криза.

Според официјални лица, експлозијата ја предизвикале околу 2.750 тони амониум нитрат, експлозив кој се чувал во бејрутското пристаниште.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Едно лице загина откако цистерна со нафта експлодира на автопат во Алабама

Се запали цистерна во близина на бензиска пумпа на автопатот Велес-Градско – Пожарникарите спречиле да експлодира

(ВИДЕО) Во Кина: Експлозија на гас во ресторан, две лица загинаа, 26 се повредени

Горан Наумовски

Почина жената која беше повредена во експлозијата во Параќин

Жена е тешко повредена во експлозија во Параќин

Судир меѓу полицијата и семејствата на исчезнатите во Ротердам: Уапсени двајца мажи