На средбата со Путин Меркел ја нарече Русија „важен партнер“

Од:

Германскиот канцелар Ангела Меркел денеска потенцира за важното значење на врските со Русија, пренесе ДПА.

-Русија, природно, е важен партнер, рече Меркел на почетокот на својата средба со рускиот претседател Владимир Путин во Сочи.

Пречекувајќи го германскиот канцелар во својата резиденција во црноморското летувалиште, Путин изрази желба главните теми на разговорите меѓу двајцата да бидат конфликтите во Украина и во Сирија.

Ова е втора посета на Меркел на Русија, откако во 2014 година Москва го анектира Кримскиот Полуостров, потсетуваат светските агенции. Ова, но и други прашања, предизвикаа тензии во билатералните односи меѓу Берлин и Москва.

Германија ги поддржува санкциите против Русија заради Украина. Тоа е главниот извор на напрегнатост во билатералните врски, но Путин, се чини, сака да ги подобри, забележуваат американските медиуми.

Пред средбата на Меркел со Путин, портпаролот на германската Влада Штефен Зајберт кажа дека разликите за Украина „ги обременуваат односите“ меѓу Германија и Русија, пренесе ДПА.

Би можело да ве интересира

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов