На Кипар регистриран 21 нов случај на Ковид-19, претседателот вечерва ќе им се обрати на граѓаните

Од:

Министерството за здравство на Кипар попладнево соопшти дека е потврден 21 нов случај на Ковид-19 во земјата, со што бројот на заразени лица се зголеми на 116, јави дописничката на МИА од Атина

Од новите случаи, 12 лица се контакти на веќе потврдени заразени лица, три се поврзани со случајот во општата болница во Пафос, додека шест други се лица вратени од европските земји.

Претседателот на Кипар, Никос Анастасиадис, вечерва ќе им се обрати на граѓаните, а според кипарските медиуми, веројатно е да соопшти нови, поригорозни мерки за да се спречи дополнително ширење на новиот коронавирус.

Би можело да ве интересира

Пресврт во истрагата за случајот со загинатиот Србин на Кипар

Србин загина на пешачки премин во Кипар, возачот не го видел пешакот

Горан Наумовски

Туристка била силувана од пет мажи во хотел во Кипар

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Обезбедување на ноќен клуб уби турист од Велика Британија

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска